Ла Стампа тврди: Околу 80 отсто од руската помош за Италија е бескорисна


Околу 80 отсто од испораките за коронавирусот што Русија ги испрати во Италија се „бескорисни“, пишува  весникот „Ла Стампа“  повикувајќи се на високи политички извори.

Русија испрати 600 вентилатори и 100 воени вирусолози и епидемиолози во Италија по разговорите меѓу претседателот Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте минатата сабота. Снимките од руските воени камиони на патот од Рим до епицентарот на коронавирусот во Бергамо циркулираа на интернет оваа недела.

„Осумдесет проценти од руските испораки се тотално бескорисни или со мала корист за Италија. Накратко, ова е нешто повеќе од изговор “, изјави неименуван извор за „ Ла Стампа “.

Изворот рече дека руските набавки се состојат од опрема за дезинфекција, теренска лабораторија за стерилизација и хемиска превенција и други слични алатки.

Изворите на „Ла Стампа“ тврдат дека Путин ги користи геополитичките и дипломатските можности со пакетот помош наречен „Од Русија со убов“, додека Конте ја прифати помошта за да го осигура доброто  пријателство со Москва.