Ла Лига продаде 10 отсто од акциите за 2,7 милијарди евра


Раководството на Ла Лига соопшти дека постигнала начелен договор со инвестицискиот фонд ЦВЦ за продажба на својот удел во лигата.

Договорот ќе создаде нова компанија која ќе има малцински удел од 10 проценти.

За ова, фондот ќе плати 2,7 милијарди евра, кои ќе одат за развој на Ла Лига.

Како дел од трансакцијата, вредноста на Ла Лига се проценува на 24,25 милијарди евра.

Лигата забележува дека од 2,7 милијарди евра, околу 90 отсто од сумата ќе оди директно во клубовите, вклучително и женски, полупрофесионални и аматерски тимови.