Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

СДСМ смета дека партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност, реагирајќи на информацијата дека единствениот ифункционален радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром – исто така се расипал.
-Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, посочи на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Според неа ова не е само технички дефект, туку последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас.
-Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека сега ќе гледаме хаос и импровизација. И македонското небото е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден.Власта беше глува на сите предупредувањата на контролорите дека клучната опрема, вклучително и радарите и софтверот, е на работ на функционалноста. Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи. Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта?Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“. Денес, резултатот е јасен:
Граѓаните и патниците се изложени на ризик.
Македонија изгледа несериозно пред светот.
Институцијата што треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.
Ова е истиот модел кој го гледаме насекаде од здравството, до образованието, до јавните претпријатија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се „вдоми“ во некоја институција, следуваат корупција, неработење и колапс. Државата не смее да биде приватна фирма на една партија. Граѓаните заслужуваат институции што функционираат, кадри избрани по знаење.
Затоа, денес прашуваме: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар? До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен?-порача Кузеска.