Курдите тврдат: Ја убивме десната рака на Багдади
Курдската милиција во Сирија, Единицата за народна заштита, објави дека портпаролот на лидерот на Исламската држава е убиен.
Тој е убиен во заедничката акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија.
Како што се соопштено, убиен е Абу ал Хасан ал Мухаџир, за кого се наведува дека бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади, пренесува „Ројтерс“.
Сириските демократските сили наведуваат дека метата ја гаѓале во близина на сириското погранично место Џараблус на основа на податоците од разузнавачките податоци на СДФ и американската војска.
Командантот на СДФ Мазлум Абди изјави дека станува збор за „продолжување на претходните операции“ во кои е убиен лидерот на екстремистичката Исламска држава.
Абди портпаролот Мухаџир го нарече „десна рака“ на лидерот на Исламската држава.