Курц: Не би го советувал Штрахе да се врати во политиката


Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц, изјави денеска дека својот поранешен коалиционен партнер Хајнц Кристијан Штрахе, по аферата „Ибица”,не би го советувал да се врати во политиката.

Курт, сепак, додаде дека таа одлука треба да ја донесе самиот тој.

Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции, како и на позицијата вицеканцелар во владата на Курц, откако се појави снимка од пред две години, на која се гледа како на внука на руски милијардер и ветува услуги од државата во замена за финансиска поддршка на неговата партија.

Курц, чија партија е во убедливо водство на анкетите пред изборите, за можноста за нова коалиција со Слободарската партија (ФПО), чиј лидер беше Штрахе, истакна дека има чувство оти некои делови од таа партија не ја научиле точната лекција од целата афера.

-Ќе видиме кој дел ќе се наметне во ФПО, рече Курц.