Купете си платнена торба за пазарување изработена од учениците од „Златан Сремац“


Фото: Б. Грданоски

Од средата, учениците од училиштето „Златан Сремац“ во Скопје, во близина на спомен-куќата на Мајка Тереза, на посебен штанд, продаваат платнени торби и ќеси изработени од еколошки материјали, со цел да ја зачуваат природата од загадување со пластика.

„Од 01.12 до 03.12.2021 имате одлична можност да ја замените најлонската ќеса со уникатна платнена торбичка изработена од учениците и наставниците во ОУРЦ“д-р Златан Сремец“- Скопје. Торбичките може да ги најдете во просториите на Центарот за поддршка на социјалните претпријатија од 10-17 веднаш до Стопанска Банка, позади Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија““, информираат од таму.

Фото: Б. Грданоски

Придружете се на иницијативата за зачувување на околината и намалување на ПВЦ отпадот, порачуваат креаторите.

Вчера стапи на сила Законот за управување со пакување и отпад од пакување, според кој пластичните ќеси од маркетите се продаваат по цена од 15 денари.