Кумановец го истепал и избркал од дома малолетниот син – кривично ќе одговара


Кривично ќе се гони кумановец за физички напад врз малолетниот син кој подоцна го избркал од дома. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома, информираа од МВР.