Колумбискиот министер за финансии поднесе оставка, 20-тина мртви во демонстрациите


 

Колумбискиот министер за финансии поднесе оставка откако беше повлечен неговиот предлог за даночна реформа кој предизвика повеќедневни демонстрации во кои загинаа дваесетина, а ранети се повеќе од 800 лица.

„Моето останување во владата би го отежнало брзото и успешно постигнување на консензус потреен за изработка на нов предлог реформа“, соопшти Алберто Караскиња, кој на должноста министер за финансии беше од доаѓањето на власт на претседателот Иван Дуке во 2018 година.

Претсдателот на државата најави повлекување на нацртот и изработка на нов, по демонстрациите во кои според податоците на канцеларијата на Народниот правобранител, загинаа 18 цивили и еден полицаец.

Министерството за одбрана јави дека на демонстрациите ранети се 846лица, од кои 306 цвили и дека во немирите од 28 април приведени се 431 лице.

Оштетени се и 313 продавници, 94 банки, 69 станици од јавниот транспорт, 36 банкомати и 14 наплатни куќички.

Демонстрантите се незадоволни од нјаавата за зголемување на данокот на стоки и услуги, како и зголемување на данокот на доход одредени категории работници.

Со тоа, народот смета дека најпогодена е средната класа во време кога пандемијата го отежнува животот.

Покрај најавеното повлекување на реформите во понеделникот некои демонстранти излегоа на улиците на Богота, Меделин, Калија и Баранквиља.