Куче каснало старец и старица во Аеродром
Во еден ден во полиција двајца пријавиле дека се каснати од кучиња скитници на булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром.
Во средата, во 9 часот во полициската станица Аеродром, А.Ј.(78) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
Истиот ден, во 13.30 часот во полициската станица Аеродром, М.Ј.(73) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.