Крушево и Демир Хисар добија свои регистарски ознаки на возилата
Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општините Демир Хисар и Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.
Од МВР информираат дека е донесена одлука за изменување на правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.