Кривичниот суд ќе расправа за однесувањето на Панчевски


Претседателот на скопскиот кривичен суд, Иван Џолев, вели дека нема никакви ингеренции за да го санкционира недоличното однесување на судијата Владимир Панчевски, но ветува дека веќе на првиот нареден судски колегиум ќе го отвори и ова прашање. Според сознанија на правосудство.мк некои судии веќе му ги доставиле на Џолев сите коментари што Панчевски ги напиша на социјалните мрежи, како и аудио и видео записи од негови изјави дадени за некои медиуми, но претседателот на „единица“ цени дека со овој случај треба да се позанимава Судскиот совет.
“Секој, како функционер, одговара индивидуално. Јас знам дека ова што сега се случува предизвикува импликации. Како претседател на судот, не можам да сторам ништо, но ќе се интересира некој друг…..Во моментов, јас немам поконкретен одговор“,изјави Џолев на денешниот брифинг со новинарите. Тој потврди дека судот повел дисциплинска постапка за вработен, а по неодамнешниот вербален инцидент кој се случи во Одделението за прекршоци и во учествуваше Панчевски.