Кривична пријава за загадување на Дебарско Езеро

ОВР Дебар поднесе кривична пријава заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и за „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 19.03.2021 било испуштено употребено моторно масло во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.