Критички, но „разумни“ дискусии на седницата на ЦО на СДСМ

Каква партија би бил СДСМ ако во неа не се слушаат критики и за она што е добро и за она што е лошо. Дебата на седницата на Централниот одбор имаше, но таа не беше жестока, изјави денеска пратеничката Славјанка Петровска во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
„Дискусиите беа во иста насока, а критика секако дека имаше. За тоа и се залагаме во партијата. Ако во партијата не се слуша критика, партијата нема да ги слуша критиките од јавноста, а тоа е лошо“, рече Петровска.
Во однос на новите и „старите“ кадри во раководството на партијата Петровска рече дека тие во себе имале потенцијал и сакале да ѝ помогнат на партијата и на народот. „Инаку, сите сме сведоци за широките раце кои Заев ги имаше кон општеството“, нагласи таа.
Петровска одговараше и за информацијата дека може да биде дел од новата влада. „Шпекулации се дека ќе бидам иден министер за правда, сѐ додека мандатарот не одлучи така. Ковачевски не го познавав многу од порано, но сега имав време подобро да го запознам“, вели Петровска.