Кристина Арнаудова со „Проект куќа“ ќе усреќи десетици семејства (Видео)
Поп-пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова поттикната од своето здружение Проект среќа, формираше проект насловен како „Проект куќа“ во кој среќни ќе направи семејства чии деца немаат основни услови за живот.
Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности. Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа. Си рековме, ако тоа значи дека на тој начин ќе изградиме многу поголем број домови, тогаш во ред, се сложувам да снимам емисија.
Со помош на пријатели, волонтери, добри луѓе, општествено одговорни компании, ја снимивме оваа прва пилот емисија, односно првата куќа која ја направивме. Во оваа куќа живеат Ајнур Симоновски, самохран татко на 5 дечиња. Како изгледаше домот пред и потоа, ќе можете да видите и самите. Нивната животна приказна е тажна и тешка, но ние сме овде да зборуваме за среќата, и да им помогнеме да ја најдат среќата во себе и околу себе, и покрај се…. Дали ова емисија ќе продолжи да постои, зависи од тоа дали нашите телевизии ќе сакаат вакво нешто во својата програма. Овој проект го ставивме на пауза, бидејќи на денот кога ја завршивме куќата СЗО прогласи пандемија на Ковид 19-Корона вирус, и моравме да запреме привремено.
Ние имаме желба и воља, да создадеме среќа за многу деца, а знаеме и дека можеме, благодарение на сите ВАС. И наскоро ќе продолжиме. Благодарение на генералните спонзори во градењето на оваа куќа, Сенатор Казина, и хотелот Paint It Black, луѓето со големи срца и мои големи пријатели, и нивната константна поддршка, овој проект тргна и сите вие можете да го видите. Овој концепт на телевизиски емисии е веќе познат, и многу популарен, а јас како голем фан на вакви емисии, знам дека луѓето во Македонија едвај чекаа да видат дека некој и во нашата земја може и сака да го направи ова за нашите луѓе. Сите кои учествуваа и придонесоа можете да ги прочитате на одјавната шпица, изјави Арнаудова за проектот.