Кредитите за компаниите од унгарскиот заем дури во јануари
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во јануари ќе почне трансферот на средствата од унгарскиот заем за компаниите. Иако очекувал тоа да се случи од почетокот на идната недела, сепак мора, како што рече, претходно да се завршат и испочитуваат одредени законски процедури.
-Очекувам во јануари да почне пренесувањето на средствата, вчера имаше оперативен состанок во Министерството за финансии, се дефинираа чекорите, договор со една и друга страна. Има процедури кои формално треба да бидат запазаени. Јас бев поголем оптимист, мислев дека од почетокот на следната недела ќе почне, но има некои законски процедури кои мораме да ги поминеме. Сега сум конечен во ставот дека во јануари почнува импемнетацијата на заемот, нагласи Мицкоски.
Според него, добро е компаниите со помош на кредитот да го зголемат бројот на производи, не да забележат раст само на паричната маса.
-Би сакал не пет, туку и 10 отсто да биде растот. Но, тие десет проценти не да бидат поголеми во парична маса, туку во број на производи, истакна премиерот.
За секоја фирма што не ги исполнила условите ќе се грижи, рече, посебен тим во Владата, а има и одговорно лице кое тоа ќе го следи, ќе алармира и ќе се обрати до компанијата корисник на средствата, да каже зашто условот не е исполнет.
Компаниите во земјава ќе може да користат 250 милиони евра од унгарскиот кредит, наменет за македонскиот бизнис.