Ковид-19 ги добива сите средства, а туберкулозата демне
Меѓународната заедница пропушта прилика да ја сопре „современата трагедија“ која ја предизвикува најсмртоносната заразна болест – туберкулозата, предупредуваат стручњаците и истакнуваат дека поради Ковид-19 може да се разгори „постарата“ светска пандемија.
Борбата против туберкулозата, респираторно заболување кое може да се спречи и да се лечи, но сеедно убива повеќе од 1,4 милиони луѓе годишно, хронично недоволно се финансира поради што дијагнозите и лековите доцнат или воопшто не доспеваат до милиони луѓе.
Меѓународната организација „Партнерство за сопирање на туберкулозата“ (STBP) наведува дека во многу земји со висока зачестеност на пациенти со туберкулоза луѓето се лекуваат со застарени методи и предупредуваат дека до сега остварениот напредок во успорувањето на заразата со туберкулоза е загрозен поради пандемијата со корона вирусот, пренесе France24.com.
„Туберкулозата и понатаму е најсмртоносната заразна болест, иако може да се превенира и да се лечи„“, вели извршната директорка на STBP Лучица Дитиу, и додава: „За работата да буде уште полоша, повеќето земји се уште користат застарени начини на лекување“.
„Мораме подобро. Секој ден 4.000 луѓе умираат од турберкулоза. Тоа е модерна трагедија“. вели Максим Линга од SPTB во Конго.
Во светот минатата година 10 милиони луше се заразиле со туберкулоза, проценува Светската здравствена организација. Две третини од тие случаи се во осум земји, Индија, Индонезија, Кина, Пакистан, Филипини, Нигерија, Бангладеш и Јужна Африка.
Стапката на зачестеност со заразата од туберкулоза во последните пет години глобално падна за девет отсто, што е половина од зацртаниот 20-отстотен пад до крајот на 2020 година.
Неколку дена откако „Фајзер“ и „Модерна“ објавија одлични резултати за своите вакцини против корона вирусот во третата фаза од испитувањето, Дитиу го нагласува постоењето на големи несразмери во однос на финансирањето и организирањето на истражувањата за туберкулоза.
„Имаме 47 вакцини во завршна фаза од испитувањето за корона вирус и сите се развиени во помалку од година. За туберкулоза, по неколку години истражувања, имаме само една вакцина која се испитува на луѓе“, вели таа.
Со постоечкото ниво на финансирање и истражувања, вакцина за туберкулоза нема да има до 2027 година, истакнува Дитиу.
„За туберкулозата не се размислува доволно, тоа е таканаречена „стара болест“ и во оваа несреќна ситуација не добива внимание“, порача Тереза Касаева, директорка на глобалната програма за туберкулоза во Светската здравствена организација.
„Таа не е помалку важна од ковид, затоа што животите вредат исто“, заклучува Касаева.
За туберкулоза постои замо една вакцина Бе-Се-Же, која е развиена на почетокот на минатиот век