Ковачевски се затрул со храна на Делфи форумот во Грција?
Премиерот Димитар Ковачевски, според информациите на „Слободен печат“, најверојатно се затрул на Делфи форумот во Грција. Тој се вратил во Македонија во саботата доцна вечерта, а веќе во неделата завршил на Инфективната клиника со симптоми на труење.
На патувањето присуствувала поголема делегација, а само Ковачевски имал симптоми на труење иако сите јаделе од истата храна, меѓу која имало еклери и баклави. Тој бил сместен во хотел со група на обезбедување.
Кога е во Македонија, протоколот за премиерот подразбира и дегустатор кој оди и ја проверува храната пред присуството на премиерот на коктели, меѓутоа нема информација дали тоа протоколарно било испочитувано и во Грција нема информација.