Ковачевски не се плаши од тврдењата за можен пуч во СДСМ


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Димитар Ковачевски не се плаши од  бомбастично најавениот политички пуч во некои медиуми, што наводно го подготвува неговиот претходник, поранешниот премиер Зоран заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали се плаши дека му се подготвува туркање од позициите што ги има, Ковачевски кажа дека тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките ги носат телата на партијата.

„Прво јас не сум човек кој што се плаши. И тоа сум го потврдил до сега. Второ самиот поранешен претседател на СДСМ ги демантираше во јавноста тие наводи кои беа наведени. И сите одлуки кои се носат во СДСМ се носат на официјалните тела на партијата – Извршниот одбор, Централниот одбор, раководството. И сите одлуки кои до сега се донесени се едногласно, без ниту еден глас – против“, кажа Ковачевски.