Ковач: Нема да е крај на светот ако не ја освоиме титулата
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач е спокоен за својата иднина во клубот. Стратегот дури изјави дека нема да биде крај на светот, ако баварците не триумфираат со титулата на Германија оваа година.
– Не сме претрпеле некакви катаклизми до моментов. Големите инвестиции ќе бидат направени во текот на летото. Хасан Салихамиџиќ пристигна во клубот пред година и половина, а јас дојдов во текот на летото. Колку пари се потрошени оваа сезона? Само 10 милиони за Алфонсо Дејвис. Треба да гледаме реално на работите и да ги анализираме на ист начин, изјави денеска Ковач.
Хрватот додаде и дека шефот на тимот, Ули Хенес му споделил дека нема да биде фатално доколку тимот не стане шампион оваа сезона.
– Нема да настапи крај на светот, ако не ја освоиме титулата. Но ние сме спортисти, се изборивме и стигнавме 9 поени заостанување. Никој не веруваше во нас, но го направивме тоа. Ако се спореди сегашното претставување во нападот со тоа од минатата сезона, тогаш тврдењето дека не играме напаѓачки, ќе биде неосновано. Во оваа фаза тогаш биле постигнати 66 гола, а сега се 69, додаде тој.