Котлар-Трајкова ветува иновативен парк за млади во Центар


Наташа Котлар-Трајкова

Иновативе парк за млади луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар, ветува кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова.

– Просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот, и тоа ќе го плаќа Општина Центар. Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти – вели Котлар Трајкова.

На тој начин, смета, тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко, а ќе се вмрежува современата технологија, идејата на младите луѓе и нивната креација.