Костовски ja најави новата поликлиника во Бутел
„Долго се чекаше, но големите работи вреди да се почекаат. Бутел го заслужува ова. И многу повеќе! Историјата допрва ќе се пишува“, напиша Костовски, најавувајќи ја „Нова поликлиника Бутел“.
Новата поликлиника е планирана на местото на старата амбуланта во Бутел. Според претходните најави на Костовски, во неа треба да има ординации по општа медицина, педијатрија, гинекологија, интерна медицина и други специјалности, како и рендген-кабинет, лабораторија, аптека и пункт за итна медицинска помош.
Во својата објава градоначалникот не прецизираше дали станува збор за почеток на градежните работи или за друга фаза од проектот.