Костадиновска Стојчевска: Супер сум, џабе ми фрлате клетви


Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, откако денеска се појави во Собранието за да гласа за петтиот пакет мерки за помош на граѓаните облечена во скафандер, реагираше на бројните организирани напади на социјалните мрежи од приврзаници на опозицијата,  на кои тешко им падна што им пропадна блокадата на законодавниот дом. 

-Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, рекетари, „новинари“, „лечени“ новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни „експерти” кои не го владеат MS Word : не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е… “, сподели на својот Фејсбук профил Костадиновска.