Кошаркарката Едина Муса објави дека е бремена со првото дете


Кошаркарката Едина Муса се пофали на социјалните мрежи дека е бремена.

Едина, која сега е нутриционистка и фитнес-инструкторка, објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.

„Ти си сè што отсекогаш посакував. 118 дена заедно НИЕ“, напиша Едина на својот профил на „Инстаграм“.

Едина во објавата не откри кој е таткото.

Пред извесен период таа објавуваше заеднички фотографии со Александар Димитровски-Мачка, поранешниот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, а беше и во посета во неговата родна Гевгелија.