Короната го украде Божиќ во Европа


Затворање за „корона Божиќ“ речиси во цела Европа. Сепак, по неколкумесечни строги мерки, кои вклучуваа затворени кафулиња, ресторани и продавници, добар дел од Италија се врати во „жолтата зона“ од неделата, што донесе отворање на угостителските објекти и продавниците.

Многу жители на најголемите градови едвај го дочекаа тоа, па навалија во кафулињата, рестораните и во шопинг, на што владата одговори со закана дека ќе воведе нова блокада.

Италија

Во Италија како во недела во Сплит. Исто така и темпераментните Италијанци во преполни кафулиња. Но, со драстичниот пораст на ново инфицирани брза реакција на владата – заклучување од 24 декември до 1 јануари – може да се продолжи до 7 јануари. Заклучувањето според „моделот Меркел“, како што го нарекуваат италијанските медиуми, подразбира забрана за патување, освен движење во општините.

Германија

А, „моделот Меркел“ се менува и во самата Германија. Ова значи дека земјата влегува во целосно затворање и тоа ќе трае подолго од 10 јануари. Германија ќе затвори се, освен основните продавници за храна. Повеќето училишта и градинки ќе бидат затворени. На новогодишната ноќ, ќе биде забранета продажбата на средства за огномет и нема да има јавни собири на отворено или пиење алкохол на јавни места.

„Сите се надевавме дека ќе напредуваме повеќе. Но, вирусот сè уште не држи цврсто в раце. Затоа, од среда нашиот јавен и приватен живот ќе биде ограничен повеќе од кога било во историјата на Сојузна Република Германија. Ситуацијата е крајно сериозна. Имаме илјадници смртни случаи неделно, како и инфекции кои се закануваат да излезат од контрола. Не можеме да избегнеме драстични мерки“, рече претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Сето ова бидејќи строгите мерки досега не дадоа никаков резултат. Повеќето Германци се согласуваат со мерките, брзајќи во купувачка пред заклучувањето.

„Треба да побрзаме малку затоа што од задутре сè ќе биде затворено. Жално е, но така е како што е. Искрено, можеа да го сторат тоа и порано, а не само пред Божиќ кога луѓето се под стрес и немаат време. Малку е тешко, но ќе се снајдеме“, е еден од коментарите.

„За мене Божиќ е љубов, не треба да има подароци. Поважно ми е да бидам со семејството, тоа е Божиќ. За жал, оваа година тоа е забрането и е многу тажно“, вели друг.

Велика Британија

Во Велика Британија, постојат четири модели на мерки за олеснување. Но, човекот од Лондон апелира до сите:

„Научниците велат дека опуштањето четири, пет дена може да доведе до зголемување на вирусот. Значи, пораката до лондончаните е, ве молам, релаксацијата не е задолжителна. Не чувствувајте дека треба да ги гушкате и бакнувате баба или дедо, бидејќи може да им го пренесете вирусот”.

Најстроги мерки во Холандија

Холандскиот премиер Марк Руте објави во понеделникот вечерта нов пакет мерки за борба против КОВИД-19, најстроги од почетокот на кризата, и прецизираше дека петнеделниот карантин ќе стапи на сила оваа недела, додека Чешка ги враќа епидемиолошките мерки укинати пред две недели.

„Холандија ќе биде затворена пет недели“, рече Руте во ТВ говорот од седиштето на владата во Хаг, пред кој се собраа демонстранти.

Во внатрешноста на зградата се слушаа извиците и свирежите, а Руте повтори дека „тоа не е обичен грип, како што мислат луѓето собрани надвор“. Од вторник, сите продавници, освен самопослугите и аптеките, ќе бидат затворени, а наставата нема да се одржува во училиштата од среда.

На Холанѓаните им се препорачува да не излегуваат надвор и да примаат најмногу две лица на ден. Заострувањето на мерките во Холандија се совпаѓа со најавата од соседна Германија за делумен карантин од среда.

Полициски час во Чешка

Чешката влада најави воведување на ноќен полициски час, како и затворање на ресторани и кафулиња во земјата за Божиќ. Собирањата ќе бидат ограничени на шест лица на отворено и затворено, а од 18 декември е забрането консумирање алкохол надвор.

Премиерот Андреј Бабиш рече дека тоа е „тешка одлука“ затоа што тој знае колку тоа ќе влијае на животот на луѓето. Тој додаде дека продавниците и услужните дејности остануваат отворени.

Во Чешка, со 11 милиони жители, есента имаше по 15.000 нови случаи секој ден, и 6.000 нови случаи дневно во последните недели. Вкупно, повеќе од 580.000 луѓе се разболеле од март и повеќе од 9.600 починале.

Забавувањето на епидемијата ја поттикна чешката влада да ги олесни мерките на почетокот на декември, па затоа се отворија рестораните, музеите и галериите, но олеснувањето траеше кратко.

Владата, која предвидува рекорден буџетски дефицит од близу 10 проценти од БДП, во понеделникот објави програма за помош на компаниите погодени од ефектите на пандемијата.

Бабиш рече дека земјата ги очекува првите вакцини против КОВИД-19 до крајот на месецот.

Скијање

Божиќните и новогодишните празници ќе бидат различни од оние што сме ги живееле досега. И скијањето стана спорно прашање низ цела Европа оваа зима, а некои земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Италија, ги затворија одморалиштата за да избегнат повторување на минатата сезона кога станиците станаа жаришта на инфекции. Шпанија, заедно со Швајцарија и Австрија, е една од ретките европски земји што дозволи повторно да се отворат нејзините падини. Една од нив лоцирана во каталонската долина Аран, на само 10 км оддалеченост од границата со Франција, не очекува премногу.

„Луѓето нема да можат да доаѓаат за Божиќ. Се надеваме дека ќе се подобриме во февруари затоа што тогаш има празници во Франција. Ќе ги изгубиме декември и јануари, но се надеваме дека ќе закрепнеме во февруари. Францускиот клиент е многу важен за нас”, вели директорот на ски центарот.

Многу земји сè уште размислуваат какви мерки да преземат, но се во насока да ги заострат во пресрет на Божиќ бидејќи вирусот не познава празници. (СЕЕбиз)