Коосновачот на онлајн модниот гигант „Асос“ почина по пад од 18-ти кат во Тајланд
Квентин Грифитс, коосновач на онлајн модниот гигант Асос, почина во Тајланд откако падна од зграда, потврди полицијата. Неговото тело беше пронајдено на 9 февруари во градот Патаја, откако падна од 18-ти кат на станбена зграда, објави Би-Би-Си.
Полициски истражител изјави за Би-Би-Си дека добиле извештај минатиот понеделник навечер. Според првичните наоди, Грифитс, кој бил британски државјанин, бил сам во својата соба во времето на падот, со вратата заклучена одвнатре.

Не се пронајдени знаци на насилно влегување, а обдукцијата не покажала докази за насилна смрт.
Грифитс беше еден од коосновачите на Асос во 2000 година и ја напушти компанијата пет години подоцна, но го задржа статусот на значаен акционер. Полицијата, исто така, цитираше информации дека бил вклучен во два судски случаи што можеби му предизвикале стрес.