Контролирана експлозија ги урна остатоците на паднатиот мост
Џенова – Шест секунди на контролирани експлозии ги избришаа остатоците од урнатиот мост во северниот италијански град Џенова во петокот, отворајќи го патот за нова структура за да го замени стариот вијадукт кој падна минатата година, при што загинаа 43 лица.
Експлозиви ги урнаа двете кули на мостот Моранди, додека големи топови исфрлаа вода врз 20 000 кубни метри челик и бетон за да спречат големи облаци прашина да го зафатат градот.
Мостот се распадна на 14 август во пороен дожд, десетици возила паѓаа на земјата во височина од 50 метри.
Колапсот го отежнува пристапот до пристаништето во Џенова, а исто така значи и подолг пат за возачите кои сакаат да одат кон јужна Франција.
Владата на Движењето 5 ѕвезди и десничарската Лига сакаа брза реконструкција на мостот, надевајќи се дека тоа ќе го сигнализира повлекувањето од корупцијата и неефикасноста што често ги мачеа италијанските инфраструктурни проекти.
Водачите на двата коалициски партнери, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, двајцата заменици премиери, присуствуваа на уривањето, откако министерот за инфраструктура, Данило Тонинели, го постави првиот камен на новиот вијадукт претходно оваа недела.
„Денес не само што стариот мост паѓа, туку и новиот се раѓа“, рече Салвини.
Реконструкцијата им беше доделена на италијанските фирми „Салини импрегило“ и „Финкантиери“. Дизајниран од познатиот архитект роден во Џенова, Ренцо Пијано, новиот вијадукт е планирано да биде инаугуриран до средината на следната година. (Ројтерс)