Коњановски потроши цел мандат – Драгор не го погледна! Сега ветува осветлување, а во реката се излеваат…


Актуелниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, ветува осветлување на реката Драгор и чистење на коритото, откако четири години мижеше, а во реката како што појаснуваат некои советници, се излеваат фекалии.

– Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди.

Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува. Реконструираните мостови и новите пешачки патеки ќе овозможат полесно и побезбедно движење, ќе го поврзат градот од сите страни и ќе ја зајакнат неговата функционалност.

Дополнително, поставувањето на современо, енергетски ефикасно осветлување,  ќе овозможи Драгор да биде жив и безбеден дел од градот и во текот на ноќта – вели Коњановски.

Од друга страна, советникот Иван Чулаковски, познат кај битолчани и цела македонска јавност како човек кој со кратки виде укажува на проблемите во Битола, вели дека никој од властите не го гледа Драгоро (по битолски), а во него се излеваат фекалии, додека осветлувањето е обезбедено со излоирче…

Погледнете: