Конференција „Младите во Отворен Балкан – Шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“


Младинска конференција на тема „Младите во Отворен Балкан – Шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“ по повод Меѓународниот ден на младите денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт.

На конференцијата најавено е обраќање на директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, министерот за образование и наука Јатон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за млади и спорт на Република Србија, Вања Удовичич, министерот за млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевич, како и на националниот координатор – Отворен Балкан, Нола Исмајлоска.

На конференцијата ќе учествуваат и претставници на младински организации од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, како и од меѓународни организации, а акцент ќе биде ставен на системот за заедничко управување кој ќе ја зајакне довербата меѓу младите луѓе и институциите и носителите на одлуки.

Од Агенцијата за млади и спорт информираат дека на конференцијата ќе се подготват препораки кои ќе бидат доставени од младите за да бидат интегрирани во процесот на Отворен Балкан.