Концерт на пијанистот Иво Погорелиќ на 22 април во Филхармонија


Светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ на 22 април во 20 часот, ќе одржи концерт во Филхармонијата. 

Тој е роден во Белград, а вниманието на пошироката музичка јавност го привлече во 1980 година, како лауреат на престижниот 14-ти Меѓународен натпревар за пијано во Монтреал.

Истата година, Погорелиќ учествувал и на 10. Меѓународен натпревар по пијано „Фредерик Шопен“ во Варшава, каде од причини кои никогаш не биле целосно обелоденети, бил елиминиран пред последната рунда. Оваа контроверзна и неоснована одлука резултираше со незадоволство кај одредени членови на жирито, кои го напуштија натпреварот во знак на протест, меѓу кои и пијанистката Марта Аргерич, која ја објасни својата одлука за заминување прогласувајќи го Погорелиќ за гениј. Овој настан, како ниеден друг во историјата на музичките натпревари, одекна низ светската музичка јавност, која го сметаше Погорелиќ за вистински победник на овој натпревар.

Легендарниот пијанист ја обележа класичната музичка сцена на нашето време. Уникатниот музички талент и иновативниот пристап го сместија меѓу најоригиналните музички умови на денешницата. Благодарение на бескомпромисните уметнички критериуми и посветената потрага по идеалот на музичкото изразување, Погорелиќ во повеќе од четири децении музицирање, оствари автентични достигнувања, ценети и од публиката и од критиката, додека неговите концерти ширум светот се здобија со статус на култни настани.

Негувајќи го култниот статус на уметникот, во 2006 година, Deutsche Gramophone објави двојно ЦД со изведбите на Погорелиќ, насловено „Генијалецот Погорелиќ“.

– Легендарниот пијанист ја обележа класичната музичка сцена на нашето време. Уникатниот музички талент и иновативниот пристап го сместија меѓу најоригиналните музички умови на денешницата. Благодарение на бескомпромисните уметнички критериуми и посветената потрага по идеалот на музичкото изразување, Погорелиќ во повеќе од четири децении музицирање, оствари автентични достигнувања, ценети и од публиката и од критиката, додека неговите концерти ширум светот се здобија со статус на култни настани, истакнуваат од Сојузот на композитори.

Влезниците за концертот на Иво Погорелиќ се во продажба во Југотон ГТЦ, продажната мрежа на КупиКартиЗаСе и онлајн на www.kupikartizase.com