Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот гитарист Курт Розенвинкел

Во Националната опера и балет вечерва (20 ч.) концерт ќе одржи Националниот џез оркестар и американскиот гитарист Курт Розенвинкел. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.
Розенвинкел е еден од највлијателните современи џез-гитаристи, познат по својот препознатлив музички јазик, техничка виртуозност и длабока емотивна изразност. Ерик Клептон го нарече „гениј“, а Њујорк тајмс истакнува дека „со само неколку ноти, тој кажува повеќе отколку што многумина постигнуваат за цела кариера“.
Концертот со Националниот џез оркестар претставува негов прв настап во Скопје и исклучителна можност за љубителите на џезот да уживаат во музика од највисок ранг.