Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов на 11 август во Охрид
На 11 август, од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов.
Роден на 1 ноември 1971 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов потекнува од семејство на музичари; неговиот татко е познатиотпеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка и актерка, Сенка Велетанлиќ.
Васил уште од мали нозе покажува исклучителен музички талент и започува со своето формално образование по класичен пијано, но набрзо навлегува во џезот и фјужн-музиката, црпејќи инспирација од различни музички традиции, вклучувајќи ја балканската, африканската и индиската музика.
Во текот на 90тите години, Васил Хаџиманов е особено присутен и признат на српската музичка сцена со својот бенд, изведувајќи уникатен спој на џез импровизација со елементи на балканските народни ритми и мелодии. Неговатамузикасекарактеризирасосложениритми, богатихармонии и длабокаинтеграцијанаразличнимузичкикултури.
Вотекотнасвојатакариера, Хаџимановима соработуванособројнимеѓународнимузичари и имаиздаденоповеќеалбуми кои добиваат позитивни оцени од критиката, меѓукои „ВасилХаџимановбенд“ (2001), „7/8 & 11“ (2008) и „Alive“ (2016). Неговитекомпозициичестогирефлектираатнеговитеискуства и согледувањазакултурнатаразличностнаБалканот и пошироко.
Во 2023 година го издава албумот “Keyf” чија промоција се одржа неодамна и во земјава и наиде на навистина добар прием од публиката.
Васил Хаџиманов продолжува да биде водечка фигура во со времената џез и фјужн узичка сцена, признат како по неговото виртуозно свирење пијано, така и по неговата способност да ги премости културните поделби преку музиката.
На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.”Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов.