Концерт на Лепа Брена на 1 август во Охрид

Лепа Брена, симбол на една музичка ера, жена која со својата харизма и моќен глас ја обележа историјата на балканската сцена, ова лето пристигнува во Охрид со голем концерт, на 1 август на стадион „Билјанини извори“.
Концертот е дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам“, која веќе беше проследена со аплаузи и распродадени арени во Белград, Загреб, Љубљана и други градови низ регионот.
Брена во Охрид ќе ги отпее најголемите хитови од нејзината кариера, песни што не се само ноти, туку емоции. Химни на неколку генерации, кои и ден-денес се пеат со иста страст и љубов. Од „Jugoslovenka“ и „Ti si moj greh“, до „Luda za tobom“ и многу други, публиката ќе има можност да ги доживее во живо, на начин што само Брена знае да го приреди.
Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.