Концерт на HOOVERPHONIC во Филхармонија

Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, вечерва во 20 часот.
По повод 25 години од aлбумот “The Magnificent Tree”, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – “Mad About You”, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!
Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе. Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.
Влезниците можете да ги набавите онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.