“Комунална хигиена“ собра 50 кубни метри отпад по скопскиот маратон
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни
и на сообраќајни површини по завршувањето на Скопскиот маратон.
Отстранувањето на отпадот се одвиваше во централното градско подрачје –
на плоштадот Македонија, Кејот „13 Ноември“, улиците Димитрија Чуповски
и 11 Октомври, како и на сите останати улици и булевари на патеката на
маратонот, особено во реонот каде што беа поставени водните станици.