Комунална хигиена негира дека некој друг го чистел споменикот на Гоце Делчев


Јавното претпријатие Комунална хигиена реагираше на пишувањата дека членови на бугарско здружение го чистеле споменикот на Гоце Делчев и ставиле на него знаме  на Бугарија. 

-Невистинити се објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на
интернет, дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.
Имено, споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот
се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само
на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална кигиена во
изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење
со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.

Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а
воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие
презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме
надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни

Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се
вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини, стои во реакцијата на Комунална хигиена.