Комуналците во март однеле 14.086 тони ѓубре, а градот изгледа вака


Во текот на март, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 14.086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија. Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на месецот март реализираше еко-предавања и работилници во скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика беа запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

И покрај овие високи бројки на исчистен отпад, сепак, градон во првите денови од април изгледа вака: