Компанијата „Стелантис“ затвори 10.000 работни места


Во последните четири години, компанијата „Стелантис“ скрати речиси 10.000 работни места во Италија, објави денес синдикатот „Фиом-цгил“.

Синдикатот на производителите на автомобили забележува дека производството на возила, вклучувајќи комбиња и мали камиони, е повеќе од преполовено од 2004 година, објави „Ројтерс“.

„Стелантис“ ги вклучува италијанските брендови „Фиат“, „Ланча“ и „Алфа Ромео“, кои значително ги намалија своите операции во последните години, додека корпорацијата се справуваше со глобални предизвици, како што се трката во електрификацијата на возилата и наоѓањето одговори на конкуренцијата од Кина.

Бројот на вработени во компанијата во Италија се намали на 27.632 на крајот на 2024 година, од 37.288 на крајот на 2020 година. Производството на возила се намали од околу еден милион единици на помалку од 480.000 во периодот од 2004 до 2024 година, соопшти синдикатот.

„Стелантис“ вети дека ќе го обнови производството во Италија со хибридна верзија на градскиот автомобил „Фиат 500“, кој треба да се појави на пазарот подоцна оваа година.