Компаниите во сопственост на Роснефт во Германија привремено ослободени од санкциите на САД


Соединетите Американски Држави денес издадоа таканаречена „општа лиценца“ со која привремено се суспендираат санкциите против Роснефт во Германија до 29 април 2026 година, објави Министерството за финансии на САД.

Ројтерс објави дека на веб-страницата на ова министерство е објавено дека е издадена таканаречената „општа лиценца“ која овозможува трансакции со компаниите „Роснефт Дојчланд ГмбХ“ и „РН Рефининг енд Маркетинг ГмбХ“.

Блумберг пишува дека САД го даваат овој рок за да се овозможи време за потенцијална промена на сопственоста на средствата на рускиот извозник на нафта Роснефт, што практично значи дека оваа компанија ќе биде привремено ослободена од пакетот американски санкции против Русија, пренесува Танјуг.рс.