Комисијата за дискриминација утврдила дека „Идризово“ ја дискриминира Јанкуловска


 

 

Женските осудени лица се ставени во понеповолна положба од машките осудени лица поради фактот што жените својата казна затвор единствено ја издржуваат во КПУ Идризово, установа која е од затворен тип. Кога станува збор за прогресирање од друга установа, истото е оневозможено за жените од причина што друга установа за издржување казна затвор за жени во државата не постои. Комисијата дала препорака до Управата за извршување на санкции за шест месеци да изготви Акциски план за реконструкција на установи од отворен и полуотворен тип во кои ќе бидат сместени жени.