Комерцијална банка со повеќе признанија од Македонска берза


Со голема чест, Комерцијална банка прими повеќе признанија од Македонска берза/Macedonian Stock Exchange, доделени по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во Македонија.
Во целото постоење на Берзата, Комерцијална банка има исклучителен и континуиран придонес како суперкотирана и високо транспарентна компанија, како една од најтргуваните акции и како силен пример за корпоративно управување, финансиска дисциплина и одговорност кон инвеститорите и јавноста.
На Банката ѝ беа доделени наградите за котирано акционерско друштво со најголем остварен промет од класично тргување и за освоено 1. место за остварен вкупен промет.
 
 
Признанија за особен придонес и континуитет како брокери добија колегите Михајло Брова Зиков, Жарко Атанасовски, Тони Павловски и Глигор Павловски. 
 
 
Како една од 19-те основачи на Македонска берза, Комерцијална банка уште од самиот почеток дава значаен придонес за нејзиниот развој и е еден од столбовите на македонскиот пазар на капитал.
 
 
Македонската берза како институција во изминатите 30 години одигра централна улога во обезбедувањето ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност, создавајќи услови за фер пазарно формирање на цените, за полесен пристап на инвеститорите до финансиските инструменти и за можности за прибирање капитал за раст и развој на компаниите.
Комерцијална банка се заблагодарува за признанијата и упатува честитки за јубилејот до Македонската берза.