Комерцијална банка известува за предвремена исплата на јулските пензии
Комерцијална банка ги известува своите клиенти – пензионери дека предвремено ќе ја исплати јулската пензија. Со тоа, сите наши клиенти – пензионери кои своите средства ги подигаат преку мрежата на банкомати или плаќаат со картички, со пензијата ќе можат да располагаат веќе од денес (28.7.2020 г.)
Сакајќи да ги заштитиме оние пензионери кои не користат платежни картички, во сите наши филијали и експозитури ќе биде организирана готовинска исплата според висината на нивната пензија и тоа:
? вторник, 28.07.2020 г. исплата на пензии до 11.000 ден.
? среда, 29.07.2020 г. исплата на пензии од 11.001 ден. до 14.000 ден.
? четврток, 30.07.2020 г. исплата на пензии од 14.001 до 18.000 ден.
? петок, 31.07.2020 г. исплата на пензии над 18.000 ден.
Потсетуваме дека клиентите при посетата, заради заштита на своето здравје и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.