Командантот на руската пацифичка флота поднесе оставка по ненадејна инспекција
Помалку од седум дена по „изненадната инспекција“ на руската Пацифичка флота, нејзиниот командант Сергеј Авакјанц поднесе оставка.
Адмиралот Сергеј Авакјанц ја напушти функцијата командант на Тихоокеанската флота, објави руски Комерсант, повикувајќи се на специјалниот претставник на претседателот во Далечниот источен федерален округ Јуриј Трутнев.
Според Трутнев, по напуштањето на функцијата, Авакјанц ќе биде назначен за началник на Генералштабот кој ќе ја надгледува воено-спортската обука и патриотското образование.
Претходно овој месец, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Пацифичката флота е ставена во целосна борбена готовност како дел од „ненадejната проверка“.
Во февруари 2023 година, Политико цитираше претставник на вооружените сили на Украина дека за време на нападот на Вуледар, елитната 155-та поморска пешадиска бригада која припаѓа на Пацифичката флота претрпе големи загуби. Претходно, во ноември 2022 година, маринец на оваа бригада пријави големи загуби во борбите за Павловка во областа Доњецк.
Сергеј Авакјанац има 65 години. Тој беше командант на Пацифичката флота од 2012 година.
Руската Пацифичка флота е една од четирите главни флоти на руската морнарица, со седиште во Владивосток, на Далечниот исток на Русија. Основана е во 1731 година. Флотата е важен фактор во геополитичките односи на Русија со другите земји во регионот, како што се Кина, Јапонија, Северна Кореја и Соединетите Американски Држави.