Колони на „Богородица“,на „Табановце“ празно
Продолжениот викенд донесе, очекувано, колони возила на јужната граница, па така, ако се суди според снимките од камерите на границата со Грција, се гледа дека поголем број возила чекаат на влез во соседна Грција.
Според надлежните служби официјално на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, но неофицијалните извештаи од терен кажуваат дека на „Табановце“ е празно, а на „Богородица“ има колони.
Сепак, според камерите од граничните премини, колоните не се со загрижувачка должина.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а забрани или ограничувања нема никаде, освен оние што се однесуваат за делниците каде се одвиваат градежни работи.
Денеска и на нив е празно, но сепак возачите се повикуваат на внимание заради сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Градежи работи и посебен режим на сообраќај на повеќе локации ќе има и во Скопје, но заради празничниот режим тие не влијаат во голема мерка на нормалниот сообраќаен тек.