Колкава е цената за слободата на Украина? (ВИДЕО)
Кога се гледаат фотографиите од Бахмут првото прашање што се наметнува е – колкава е цената од наметната војна од страна на Русија во Украина или подобро која е цената на болната суета на рускиот претседател кој ја почна оваа авантура? Неколку градови се избришани од картата , а бројот на воени и цивилни жртви, што убиени, што осакатени, заедно со руските војници – е над 400.000. Материјалната штета не треба ни да се кажува.
The Price of freedom and independence is immense. Each flag is a tribute to someone killed by Russia in this war pic.twitter.com/ikIew1Q0Kk
— Iryna Matviyishyn (@IMatviyishyn) May 21, 2023
Според проценката составена од американска одбранбена разузнавачка агенција, Русија до април претрпела меѓу 189.500 до 223.000 жртви, вклучувајќи 35.500-43.000 убиени во акција и 154.000-180.000 ранети. Украина претрпела од 124.500 до 131.000 вкупни жртви, вклучувајќи 15.500-17.500 убиени во акција и 109.000-113.500 ранети во акција.
Подолу е табелата на цивилните жртви.
