Која е девојката што ја освои титулата Мис на светот 2024


 Изборот за Мис на светот 2024 се одржа во Мумбаи, а победата ја освои Кристина Пишкова од Чешка.

Таа се натпреваруваше против 111 модели. Нејзина прва придружничка е Јасмина Зејтон од Либан, а втори придружнички се Аче Абрахамс од Тринидад и Тобаго и Лесего Чомбо од Боцвана.

За време на овој натпревар Пишкова, меѓу другото, зборуваше и за женското здравје. Таа напомена дека треба да се отстрани стигмата околу менструацијата, велејќи дека е дарба да се биде жена и дека менструацијата не треба да биде табу тема.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Miss World (@missworld)

 

Таа е родена во 1999 година. Студирала право на Карловиот универзитет во Прага и менаџмент на приватен колеџ во Инсбрук. Кариерата во светот на модата ја започна во 2022 година, кога победи на изборот за Мис на Чешка.

Овогодинешниот избор за Мис на светот првично требаше да се одржи во Обединетите Арапски Емирати, но подоцна беше одлучено да се одржи во Индија на 16 декември 2023 година.

Сепак, беше одложен за 2 март 2024 година поради изборите во Индија. а потоа повторно се пресели на деветти март.

Денеска Пишкова стана втората Чехинка која ја освоила лентата за Мис на светот. Првата победа Татана Кучарова ја постигна во 2006 година.