Кој ќе го купи „Фени“?

Медиумите во Турција пишуваат дека претставници на една од најзначајните рударски холдинг компании „Јилдирим“ веќе биле на преговори за имотот на „Еуроникел“


 

Кој ќе го купи македонскиот металуршки гигант „Еуроникел“ е прашање кое што и натаму си го поставуваат околи илјада лица кои работеа во компанијата која кај нас најмногу е позната по изворниот назив „Фени“ од Кавадарци. Судбината на комбинатот не е важна само за вработените, туку и за земјата во целина бидејќи станува збор за индустриски капацитет кој има значително учество во креирањето на домашниот бруто производ и во извозните перформанси на земјата.

По турбуленциите предизвикани од енергетскатга криза, што доведе до прекин во производството и подоцна до преземање на имотот на фирмата од страна на Комерцијална банка, сега по сѐе изгледа решението е на повидок. Во медиумите во земјава веќе се пишуваше дека сегашниот сопственик на имотот на „Еуроникел“, најдобрата банка во земјава (според списанието „Банкар“), Комерцијална банка, е во разговори со заинтересирани компании, од кои како најголеми фаворити се споменуваа турската компанија „Јилдирим“ и домашната ИГМ од Кавадарци.

Сега, медиумите во Турција јавуваат дека Јилдирим(Молња) го купува Еуроникел“.

Една од најзначајните рударски холдинг компании во Турција, „Јилдирим“ (Yıldırım) последнава година во странство вложи значајни инвестиции на полето на рударството, купува и инвестира во фирми од областа на рударството. За инвестициите на холдингот Јилдиримвесникот Dünya (Свет) пишуваше дека во декември 2021 година ја купи најголемата албанската фирма Aлбкром.

Како што пишува весникот, овој пат овој холдингoт сака да ја купи најзначајната фирма за никел „Еуроникел“ од Македонија.

„Јилдирим“ до пред две години работеше во седум земји во областа на рударството, при што работеше врз експлоатацијата на злато, хром и никел. Овој холдинг во рамките на заложбите да ги развие своите бизнис планови ја вклучи и Европа, се наведува во написот.

Во однос на албанската фирма Албкром се посочува дека била формирана во 1948 година од страна на тогашниот лидер Енвер Хоџа. На почетокот имала 1.100 работници и извезувала во повеке од 50 земји во светот. Албкром ce стекна со реноме како најголема фирма за производство на ферохром во светот. Оваа фирма се приватизираше во 2000 година и беше купена од руско-австриската компанија Дарфо.

По кратко време оваа фирма е препуштена на групацијата Балфин груп. Првиот и единствен албански милијардер Амир Мане, започнал преговори кои завршиле лани и влезе во албанскиот пазар. Како што пишува весникот кој прв ја објави информацијата, по купувањето на оваа фирма, компанијата започнала разговори за купување на петрохемискиот гигант на Хрватска – ИНА каде што 55 отсто од акциите чиј косопственик е и унгарски МОЛ, премина во рацете на холдингот „Јилдирим“. Оваа фирма покрај тоа што ја купи ИНА, купи и едно од најзначајните пристаништа во Хрватска – пристаништето Шибеник за што вложи 53 милиони долари.

„Јилдирим холдинг“ сака да прерасне во уште поголем гигант вложувајќи во земјите на поранешниот источен блок.

Весникот наведува дека претставници на компанијата минатата недела биле на преговори за откупување на Еуроникел.

 

„Има информации дека ‘Еуроникел индустри’ ќе се продаде за цена од 38 милиони евра. Тоа е најголем комбинат за метал во металопреработувачката индустрија уште е позната под името ФЕНИ кој е нај голем произведувач на фероникел во земјата и пошироко“, пишува весникот. кој е основан во 1981 година од Незих Демиркент и покрива главно теми од областа на економијата.

Во текстот се посочува дека „Еуроникел“ има приближно 1.000 вработени и се смета за една од најголемите компании во Македонијаи и за еден од најголемите работодавачи во Македонија.

Инаку, пред две недели, Комерцијална банка соопшти дека се стекнала со сопственост врз металуршкиот комбинат „Еуроникел“, поранешен „Фени“, каде што банката беше главен доверител. Информацијата беше соопштена преку Македонската берза, при што наведе дека во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ‘Еуроникел индустри’ ДОО с. Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра.

Од синдикалната организација на комбинатот посочија дека очекуваат изнаоѓање на инвеститор за понатамошна работа. Од таму исто така наведоа дека токму банката ги известила дека изминатиов период остварила контакти со неколку потенцијални инвеститори, но со оглед дека на јавните лицитации не се јавил друг заинтересиран купувач, врз основа на одлука од надзорниот одбор, банката се јавила како купувач и се стекнала со сопственост врз недвижниот имот и опремата.

Синдикатот смета дека со ваквиот чекор се овозможува да се обезбеди најдобра можна заштита на производниот комплекс, како и непречено и интензивно да продолжат преговорите за продажба на имотот и опремата во најдобар интерес на сите заинтересирани страни.

„,Еуроникел индустри“ подолго време се соочуваше со тешкотии во работењето, а синдикатот неколку пати со протести и блокади на патишта го изрази својот револт, барајќи што побрзо да се изнајде нов инвеститор и да се реши судбината на околу 800 вработени и плус соработници на гигантот кој е важен за кавадаречката и македонската економија.

Додека не се постигне договор со новиот инвеститор, како што посочуваат запознати со постапката и со работењето на комбинатот, најважно е да се овозможи одржување на печката на комбинатот, бидеејќи евентуалното гасење би предизвикало огромни дополнителни трошоци. Одржаувањето на печката во топла состојба „чини“ околу 200 илјади евра, трошоци само за електрична енергија.

„Еуроникел“ беше купена во 2019 година од страна на ГСОЛ, Global Special Opportunities Ltd. (GSOL).

„Јилдирим груп е основана како градежна компанија во 1963 година, а денес работи во повеќе сектори, како метали, рударство, хемиска индустрија, пристаништа, градежништво, производство на електрична енергија и е присутна во 56 земји на пет континенти со повеќе од 25.000 вработени ширум светот.