Кој е Бенџамин Ингросо: Овој настап предизвика делириум на Евросонг (видео)
Малме – Шведскиот пејач Бенџамин Ингросо кој настапи како гостин, синоќа, на првото полуфинале, во Малме Арената, го имаше најзабележителниот настап.
„Настапот на Бенџамин Ингросо беше еден од главните моменти на вечерта“, „Честитки, одлична изведба“, „Леле, никој не ни кажа дека Шведска има нов крал“, „Натпреварувачите можат да бидат среќни што не е во финалето “, се само дел од коментарите на воодушевените гледачи на првата полуфинална вечер, на која Швеѓанецот изведе спој од неговите најголеми хитови Look Who’s Laughing Now”, “Kite” i “Honey Boy”.
Покрај настапот на сцената, Ингросо ја воодушеви публиката и со својот стајлинг. Имено, тој облече бел костуми елече, а монохроматскиот изглед дополнително го заокружи со црвени кожени ракавици. Препознатлив по својот стил кој одлично ги спојува ексцентричноста и тивкиот луксуз, според мислењето на многумина тој е еден од најстилските евровизиски кандидати досега. Не се колеба да експериментира, па често носи светли бои и навидум неспоиви модни парчиња.
Со оглед на тоа дека пораснал во музичко семејство, 26-годишникот љубовта кон музиката почнал да ја покажува уште од мали нозе. Самиот се научи да свири пијано и гитара, уште како дете имаше главни улоги во неколку мјузикли, а во 2006 година добива награда на натпреварот „Лила мелодифестивален“ со песната „Еј Софија“. Талентираниот Ингросо беше победник и на танцовото ТВ шоу за славни личности „Let’s Dance“, а во 2018 година ја имаше честа да ја претставува Шведска на Евровизија со песната „Dance You Off“.
Неговото презиме им звучи познато на многу луѓе и тоа со добра причина. Имено, Бенџамин е братучед на Себастијан Ингросо, познат шведски диџеј, продуцент и член на познатиот бенд Swedish House Mafia. Што се однесува до неговиот личен живот, не е познато дали харизматичниот Швеѓанец моментално е сингл или среќно свршен. Познато е само дека тој беше во шестгодишна врска со шведската инфлуенсерка Линеа Видмарк, но парот раскина во март 2019 година. (Фото: ЕБУ)