Кои се поздрави, црните или зелените маслинки?


Без разлика дали станува збор за масло или цели плодови, маслинките имаат репутација на одлични помошници на срцето, но имаат и многу други здравствени придобивки за кои треба да знаете.

Здравствени предности од маслинките:

1. Врвна ужинка се за срцето

Маслинките се богати со монозаситени масни киселини, вид масти поврзани со намалување на лошиот холестерол и одржување на добриот. Моќните антиоксидативни својства на полифенолите на маслинките исто така може да заштитат од оксидативниот и хроничниот стрес што се клучни иницијатор фактор за срцеви заболувања.

Доказите сугерираат дека луѓето кои секојдневно консумираат екстра девствено маслиново масло имаат помал ризик од срцев удар, висок крвен притисок и кардиоваскуларни смртност за разлика од оние кои не го прават тоа.

2. Може да ја подобрат циркулацијата

Содржат соединенија кои ја подобруваат васкуларната функција промовирајќи проток на крвта во ткивата. Тоа е корисно и долгорочно и краткотрајно бидејќи подобра циркулација подобрува сè.

3. Ги намалуваат воспаленијата

Полифенолите во маслинките може да помогнат во намалување на хронични воспаленија со запирање на оштетување на ткивата на органите, пред тоа да почне.

4. Корисни се за коските

Полифенолите исто така може да ја подобрат минералната густина на коските.

5. Може да го подобрат здравјето на мозокот

Маслинките помагаат во намалување на оксидативниот стрес предизвикан од воспаление, ги штитат ткивата на виталните органи (мозокот) од штетни и потенцијално неповратни оштетувања. Уште една предност е што содржат витамин Е, антиоксиданс поврзан со намалување на ризикот од когнитивен пад.

6. Може да го подобрат шеќерот во крвта

Екстра девственото маслиново масло посебно би можело да го намали шеќерот во крвта два часа по оброк, помагајќи го делувањето на инсулинот. Олеинската киселина и полифенолите исто така можат да помогнат, истражувањата покажуваат дека исхрана богата со монозаситени масти и антиоксиданси може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.

Кои се поздрави, зелените или црните маслинки?
Маслинката ја менува бојата додека созрева, а каква ќе јадеме зависи од тоа кога е берена. Зелената маслинка е всушност помалку зрела маслинка, црната е зрела, односно презрела, додека црвенкастата маслинка е берена точно во моментот на зреење. Ако тогаш не биде берена, ја менува бојата и на крајот станува црна маслинка.

Зелената маслинка е посочна и помалку блага, со месо кое изгледа посвежо од останатите. Црните се позрели маслинки, односно помеки, а имаат горчлив и поинтензивен вкус од зелените. Меѓутоа, кога од нив се прави масло, црните маслинки даваат убава златна боја и помалку горчлив вкус.

Иако делува дека најголемата разлика е во вкусот, зелените се сепак малку подобри бидејќи со зреењето црната маслинка губи и помал дел од антиоксидансите. Ако се берат порано, а зелените маслинки обично се берат во септември, тогаш имаат повеќе полифеноли, додека црните, позрели маслинки во себе имаат повеќе масти.