Коалиција за наводна заштита на децата бара да се преиспита кој добил награда „Мето Јовановски“


Коалицијата за заштита на децата изразува најдлабока разочараност за одлуката овогодинешната државна награда “Мето Јовановски” да биде доделена на ЛГБТИ+ активистот Лила Милиќ и здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“, а воедно изразува и неодобрување на моменталниот состав на одборот кој ја донел оваа одлука. Од она што го објавија впечатокот е дека „нишанат“ на ЛГТБИ+ активистката, а на мета ја имаат невладината организација која ги разоткрива злоупотребите со јавните тендери, ЦКГ, бидејќи тоа што им смета официјално нема ништо со нив, односно не е во описот на нивната работа.

Оваа коалиција официјално ја поддржуваат проруската партија Родина и Интегра.Еве што стои во реакцијата:

-Лила Милиќ е познат ЛГБТИ+ родов активист, кој не само што е роден со машки пол (маж), а себеси се идентификува како жена, туку и години наназад, преку организиран и координиран активизам за менување на традиционалните општествени вредности, се обидува да ја внесе и на сила да ја наметне родовата идеологија врз туѓи деца преку образованието, и покрај острите реакции и критики од родителите, како и врз сето општество. Тој е еден од основачите на ТрансФорма, иницијатива која се залага за правно признавање на родот и родовиот идентитет, односно легализирање на антинаучната идеја дека има повеќе од два пола, кои се флуидни т.е. променливи.

Милиќ е и познат активист за декриминализација на проституцијата и смета дека проституцијата и продавањето на женското тело како парче месо е подеднакво чесна и нормална работа како секоја друга работа (негувателка, учителка, сметководителка, хигиеничарка итн.), со што ја шири и зацврстува мизигонијата и го понижува женскиот дигнитет.

Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“, исто како и ТрансФорма, кои се партнери со озлогласените Маргини и Хера, се (ин)директно финансирани од Фондацијата Отвореноопштество на Сорос, за активизам, лобирање и трансформација на општеството во нешто непосакувано и ужасно, на штета на секој еден свесен граѓанин на Република Македонија.

Ништо поразлично не е и со одборот, кој носи вакви скандалозни одлуки. Мнозинството од тој одбор е сочинето од ЛГБТИ+ родови активисти, кои доаѓаат од редовите на платените невладини организации на Сорос, кои се партнери и блиски соработници на Милиќ и на Центарот за граѓански комуникации. Со тоа, постои сериозен конфликт на интерес во одлучувањето и непринципиелно и пристрасно доделување на наградата, воедно не постои никаква транспарентност околу кандидатите и критериумите за избор.

Потсетуваме дека оваа државна награда беше востановена во 2018 год. од страна на Владата на СДСМ, а по иницијатива на Хелсиншки комитет, чиј основач бил Мето Јовановски, и истата предизвикува фискални импликации во Буџетот на Република Македонија, односно на Милиќ и ЦГК ќе им бидат исплатени пет просечни плати исплатени во Република Македонија во последните три месеци во тековната година како награда т.е. над 300.000 денари народни пари. Сметаме дека лица и организации кои спроведуваат агенди на Сорос и чие “животно дело” е промоција на проституцијата, промоција на антинаучни, штетни и радикални идеи за полот/родот, индоктринација на децата и одземање на родителските права, не заслужуваат државни награди, а уште помалку заслужуваат да бидат платени за тоа од парите на овој напатен народ!

Бараме целосна реконструкција на одборот и поништување на одлуката наградите да се доделат на гореименуваните, и напоменуваме дека со ваквите постапки на новата Влада т.е. доделување државни награди во Собранието на Р. Македонија, без разлика што одборот кој ја донел одлуката е остаток од претходната Влада, само се придонесува за продлабочување на недовербата и зголемување на проблемот, порачуваат од оваа коалиција. 

Инаку, деновиве во Скопје главна тема беше училишното насилство, но од нив нмаше реакција за тоа.