Ќе секнат ли „Спутник“ вакцините по протерувањето на рускиот дипломат?


Руската амбасада во Скопје

Нема најава за политизирање на руските вакцини „Спутник“ кои треба да пристигнат  во земјава, откако вчера Министерството за надворешни работи прогласи еден дипломат од руската амбасада во Скопје за непожелна личност во Македонија, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Владата во февруари во директни преговори со рускиот производител нарача 200.000 вакцини, но досега стигнаа само 6.000 дози во март. Во април преку донација од Србија, Македонија доби 40.000 дози од вакцината „Спутник“ со кои почна масовната вакцинација на критичните групи во земјава.

Министерот Филипче денес кажа дека има најави од претставници на руската амбасада оти до крај на мај треба да стигне одредена количина на вакцини „Спутник“, но дека тоа не е потврдено.